Промена на управител на ДОО и ДООЕЛ

За управител може да биде избрано физичко лице кое е деловно способно. За управител не може да биде избрано лице на кое со правосилна судска одлука делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност што е поврзана со функцијата управител на друштвото додека трае забраната.

Адвокат Сара Маркоска

6/20/20241 мин читање

person standing near the stairs
person standing near the stairs

Со друштвото управува управител, односно управители. Кога во друштвото има три или повеќе управители, тие можат заедно да управуваат со друштвото како орган на управување на друштвото на начин определен во договорот за друштвото. Составот, организацијата, работата и надлежностите на органот на управување на друштвото се определуваат во договорот за друштвото.

За управител може да биде избрано физичко лице кое е деловно способно. За управител не може да биде избрано лице на кое со правосилна судска одлука делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност што е поврзана со функцијата управител на друштвото додека трае забраната.

Промената на управител и неговото овластување за застапување на друштвото и сите други промени кај правните лица се запишуваат во трговскиот регистар од страна на овластен регистрационен агент (адвокат).

Кон пријавата за промена на управител се приложуваат следните документи:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.