Промена на име (фирма) на трговско друштво

Фирмата на трговското друштво е името под коешто друштвото работи и под коешто учествува во правниот промет.

Адвокат Сара Маркоска

7/1/20241 мин читање

closeup photo of silver iMac
closeup photo of silver iMac

Фирмата на трговското друштво е името под коешто друштвото работи и учествува во правниот промет.

Фирмата се определува и менува на начинот определен со изјавата за основање на друштвото од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот.Фирмата на трговското друштво и сите нејзини промени се запишуваат во трговскиот регистар.

Фирмата содржи ознака којашто упатува на предметот на работење на трговското друштво, седиштето и формата на друштвото. Фирмата може да содржи додатоци (цртежи, слики, симболи, ознаки и друго) што служат за поблиско обележување на трговското друштво, освен оние што создаваат или можат да создадат забуна во поглед на предметот на работењето на трговското друштво, впечаток за идентитет или за поврзаност со друго трговско друштво или ако водат кон повреда на правата на индустриската сопственост или на други права на други трговски друштва, односно лица регистрирани во земјата и во странство.

Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско писмо. Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со написот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо.

Промената на име (фирма) и скратен назив на трговското друштво се запишуваат во трговскиот регистар од страна на овластен регистрационен агент (адвокат).

Кон пријавата за промена на име (фирма) се приложуваат следните документи:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.