Оставинска постапка

Оставинската постапка се поведува за расправање на оставината која ја поседувал починатиот.

Адвокат Натали Маркоска

7/12/20241 мин читање

a pond in a park with a white building in the background
a pond in a park with a white building in the background

Оставинската постапка се поведува за расправање на оставината која ја поседувал починатиот во време на смртта. Во оставината на оставителот влегува целиот негов движен и недвижен имот како и права (право на легализација, приватизација на земјиште и сл.)

Оставинската постапка по правило се поведува по службена должност од страна на матичарот. Доколку истиот не постапил по службена должност постапката може да ја поведе било кој од наследниците со поднесување на предлог за поведување на оставинска постапка до надлежниот суд односно да поведе вонпарнична постапка. Предлогот за поведување на оставинска постапка може да биде составен од страна на адвокат. По поднесување на предлогот Судот по службена должност определува нотар на кој му го доверува предметот. Нотарот по примање на предметот испраќа покани до наследниците и закажува рочиште за расправање на оставината. За застапување во оставинската постапка задолжително е ангажирање на адвокат од страна на наследниците.

Наследник може да биде само лице кое е живо во моментот на отворањето на наследството. Детето веќе зачнато во моментот на отворање на наследство се смета како родено ако се роди живо.

Потребни документи:
- Извод од матична книга на умрени за оставителот
-Доказ за сопственост на оставинската маса (имотен лист, сообраќајна дозвола за моторно возило, број на трансакциска сметка за парични средства во банка, потврда за имател на акции од ЦДХВ итн.)
-Извод од матична книга на родени за наследниците од прв наследен ред
-Извод од матична книга на венчани за сопругата/сопругот

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.