Наплата на долгови

Наплатата на долгови на физички и правни лица е регулирана со позитивните закони на државата, кои овозможуваат да ги наплатите главните побарувања како и каматите и трошоците на истите.

Адвокат Сара Маркоска

3/6/20241 мин читање

grayscale photo of a bunch of metal tools
grayscale photo of a bunch of metal tools

Наплатата на долгови на физички и правни лица е регулирана со позитивните закони на државата, кои овозможуваат да ги наплатите главните побарувања како и каматите и трошоците на истите.

Нашата канцеларија нуди правни советувања од областа на наплата на долговите, изготвување на потребна документација и застапување пред надлежните органи за наплата на долгови.

За отпочнување на постапката за наплата на долгови потребно е да имате судска одлука или веродостојна исправа од која произлегува побарувањето. За веродостојна исправа се смета: фактура, меница и чек (со протест и со повратна сметка, кога е тоа потребно за засновање на побарување), јавна исправа, извод од заверена деловна книга, приватна исправа на која потписот од должникот го заверил нотар, исправа која според посебни прописи има значење на јавна исправа, градежна ситуација или пресметка на камата.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.