На што треба да внимава секој продавач при продажба на недвижност?

Доколку продавате недвижен имот – стан, куќа или деловен простор – важно е да знаете дека договорот за купопродажба не е само формалност, туку документ кој ги штити вашите права и интереси.

Адвокат Натали Маркоска

7/25/20251 мин читање

white and brown concrete building under blue sky during daytime
white and brown concrete building under blue sky during daytime

Доколку продавате недвижен имот – стан, куќа или деловен простор – важно е да знаете дека договорот за купопродажба не е само формалност, туку документ кој ги штити вашите права и интереси.

Продавачите често потценуваат колку е важно договорот да биде јасно, внимателно и стручно составен. Со добро дефинирани одредби, се избегнуваат недоразбирања и правни последици во иднина.

Некои од клучните прашања на кои договорот треба да даде прецизен одговор се:

  • Кога и како ќе се изврши плаќањето?

  • Дали купувачот има право да се повлече од договорот, и под кои услови?

  • Како да се заштити продавачот во случај на непочитување на договорот?

Дополнително, продавачот има право да предвиди клаузула во договорот со која се определува дека доколку купувачот во иднина реши да го продава имотот, прво мора да го понуди на самиот продавач. Оваа одредба е особено важна кога се работи за имот од лична, семејна или стратешка важност, и овозможува контрола врз понатамошната судбина на недвижноста.

Доколку ја продавате вашата недвижност, Ве охрабруваме да се информирате и да се заштитите со договор кој целосно ги штити вашите интереси.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.