Договор за продажба
Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената. Продавачот на некое право се обврзува на купувачот да му го прибави продаденото право, а кога вршењето на тоа право бара држење на предметот и да му го предаде предметот.
Адвокат Сара Маркоска
6/5/20241 мин читање
Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената. Продавачот на некое право се обврзува на купувачот да му го прибави продаденото право, а кога вршењето на тоа право бара држење на предметот и да му го предаде предметот.
Договорот за продажба на недвижни предмети мора да биде склучен во писмена форма. Потписите на договорните страни кај договорот за продажба на недвижности се заверуваат кај нотар. Пред да се пристапи кај нотар, договорот треба да биде составен од страна на адвокат. За различен предмет на продажба, важат дополнителни правила.
Предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот. За продажбата на предмети чијшто промет е ограничен важат посебни прописи. Продажбата може да се однесува и на иден предмет.
Цената на предметот на продажбата се определува во договорот.
Продавачот е должен да му го предаде предметот на купувачот во времето и на местото предвидено со договорот. Продавачот ја извршил обврската за предавање на купувачот, по правило, кога предметот ќе му го врачи или ќе му предаде исправа со која предметот може да се преземе.
Ако не е нешто друго договорено или вообичаено, продавачот не е должен да го предаде предметот ако купувачот не му ја исплати цената истовремено, или ако не е готов тоа да го стори истовремено, но купувачот не е должен да ја исплати цената пред да има можност да го прегледа предметот.
Продавачот одговара за материјалните недостатоци на предметот што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз купувачот, без оглед дали тоа му било познато. Продавачот одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз купувачот ако се последица од причина што постоела пред тоа. Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид.
Купувачот е должен примениот предмет на вообичаен начин да го прегледа или да го даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести продавачот во рок од осум дена, а кај трговските договори без одлагање, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Купувачот кој навремено и уредно го известил продавачот за недостатокот може:
1) да бара од продавачот да го отстрани недостатокот или да му предаде друг предмет без недостаток (исполнување на договорот);
2) да бара намалување на цената и
3) да изјави дека го раскинува договорот.
Во секој од овие случаи купувачот има право и на надомест на штетата. Покрај тоа и независно од тоа, продавачот му одговара на купувачот и за штетата што овој поради недостаток на предметот ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста за штета.
Продавачот одговара ако врз продадениот предмет постои некое право на трет што го исклучува, намалува или ограничува правото на купувачот, а за чие постоење купувачот не е известен, ниту се согласил да го земе предметот оптоварен со тоа право. Продавачот на некое друго право гарантира дека тоа постои и дека нема правни пречки за неговото остварување.
Кога продажбата е раскината поради повреда на договорот од страна на еден договарач, другата страна има право на надомест на штетата што ја трпи поради тоа, според општите правила за надомест на штетата настаната со повреда на договорот.
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Доколку ви е потребен правен совет контактирајте адвокат.
Blvd. Saint Clement of Ohrid Nr.11/1-2 Skopje-Center
lawfirmmarkoska@gmail.com
lawfirmsaramarkoska@gmail.com
+389 71 24 77 85
+389 70 55 04 40
advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat advokat skopje advokat