Адвокат Сара Маркоска

Адвокат Сара Маркоска, во правната сфера присутна од 2014 година. Започнува со правни студии на УКИМ, Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје, го завршува со просек 9 (девет), и две стипендии за најдобри ученици на правниот факултет доделени од Еуролинк осигурување АД Скопје. Продолжува со магистерски студии по граѓанско материјално право на истиот факултет и истите ги завршува со стекната пракса по судења од областа, и просек 9.42 (девет и четириесет и два). Продолжува да се усовршува во правната сфера, да стекнува пракса и знаење во Управниот суд на РСМ, Основно јавно обвинителство на РСМ, Адвокатско друштво Трпеноски Скопје, Адвокатско друштво ЛБА Скопје, Нотар Весна Дончева Скопје и Нотар Агрон Арслани Скопје. За време на правното усовршување го полага правосудниот испит, нотарскиот испит и се стекнува со адвокатска лиценца, по што отвора своја адвокатска канцеларија во центарот на Скопје.

Адвокат Натали Маркоска

М-р Натали Маркоска е магистер по правни науки од областа на деловното право при Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје. Во текот на додипломските и последипломските студии има стекнато работно искуство во повеќе реномирани адвокатски канцеларии, но и во кабинетот на Народниот правобранител на РСМ.
М-р Натали Маркоска континуирано со студиите и работата, има посетувано летни и зимски школи во земјата и во странство, била дел од конференции, семинари и работилници и е еден од стипендистите на добро познатата германска WUS програма. Истовремено, Маркоска е еден од основачите на невладината организација ,,Правен центар”.